Делегација сочинета од директорката на Агенцијата за квалитет во високото образование, доц. д-р Христина Серафимовска, и претседателот на Одборот за акредитација, проф. д-р Марјан Ѓуровски, присуствуваше на Генералното собрание на Европската асоцијација за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA) што оваа година се одржа во Брисел, Белгија, во периодот од 22-24 октомври 2025.

Оваа година ENQA слави и 25 години постоење, јубилеј кој беше обележан со соодветна свечена прослава. Тродневниот настан опфати бројни работни сесии кои ја третираа проблематиката на обезбедување квалитет од различни аспекти како што се предизвиците на глобалниот контекст, вештачката интелигенција, ревизија на стандардите и сл.
Престојот на Брисел беше искористен и за посета на постојаната мисија на Македонија при Европската унија во Брисел и беше остварена работна средба со амбасадорот Зулфи Исмаили со цел екипирање на ресурсите и овозможување на логистичка поддршка во процесот на воведување на европските високообразовни стандарди во Македонија и градење на внатрешните капацитети на Агенцијата.
