
СТУДИРАЈ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Република Северна Македонија, низ вековите, била раскрсница на големи цивилизации и како таква има богата историја и природни убавини.
Влијанието на турската култура, како и силната етничка разнообразност, се рефлектираат во многу историски знаменитости, што исто така ја прикажува нејзината поврзаност со римската, византиската и отоманската империја.
Модернистичката архитектура на главниот град Скопје, ја нагласува неговата улога, како симбол на повторното раѓање и раст, како земја која што надмина многу потешкотии за да стане она што е денес.
Науката е силната страна на универзитетите од оваа земја, и тие нудат мноштво на можности за истражување, за оние кои бараат да студираат на мастер или докторски студиски програми.
Во Северна Македонија, странските студенти ќе наидат на топло добредојде и ќе имаат можност да уживаат во многу настани од богатото културно наследство на земјата.
Нејзината култура е негувана преку ликовната уметност, поезијата, музиката, фестивалите, традициите и уметноста.
Повеќе информации во врска со можностите за студирање во Република Северна Македонија, прописите за стипендирање на студенти и погодностите што ги уживаат студентите можат да се најдат во веб сајтот на Министерството за образование и наука.
www.mon.gov.mk