А.К.В.О. | ЗА НАС

Агенцијата за квалитет во високото образование
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА
МИСИЈА И ДЕЈНОСТ

    Агенција за квалитет во високото образование (АКВО) е самостоен стручен орган со седиште во Скопје, Република Северна Македонија.
    АКВО е запишан во Централниот регистар на Република Северна Македонија на 16.01.2020 година.
    Органи на АКВО се: Одбор за акредитација на високото образование, Одбор за евалуација на високото образование и Директор на Агенцијата за квалитет на високото образование.
    Директорот на АКВО е именуван од страна на Собранието на Република Северна Македонија, со Одлука бр. 08-7068/1 од 25.12.2019 година.
    Одборот за акредитација на високото образование и Одбор за евалуација на високото образование, органи на АКВО, се конституирани на 11.03.2020 година.

Мисијата на АКВО

    • Остварување на системот на обезбедување, оценување, развој и унапредување на висoкото образование во Република Северна Македонија.
    • Одржување на стандардите за квалитет и промовирање и подобрување на квалитетот на високообразовните установи и нивните студиски програми (согласно со прифатените стандарди и постапки на водичот кои се применуваат од Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование):

Дејност на АКВО

    Агенција за квалитет во високото образование (АКВО) е самостоен стручен орган со седиште во Скопје, Република Северна Македонија, преку кој се остварува системот на обезбедување, оценување, развој и унапредување на висoкото образование во Република Северна Македонија.

    Одборот за акредитација на високото образование, колективно тело кое ги утврдува условите за вршење на високообразовна дејност и го утврдува капацитетот за студирање на високообразовната установа; донесува решение за акредитација на проектот за основање на самостојна приватна или приватнојавна високообразовна установа и нивните единици; одлучува за акредитација на научна установа за вршење високообразовна дејност на студии од втор и трет циклус на студии; утврдува исполнетост на условите за организирање на студии за нови студиски програми на високообразовната установа; одлучува за акредитација на ментори на докторски студии; и врши други работи утврдени со Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018).

    Одбор за евалуација на високото образование е колективно стручно тело које ја следи дејноста на високообразовните установи на кои им е дадена акредитација и решение за почеток со работа; го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручна работа на академскиот кадар на високообразовните установи, а посебно на нивните студиски програми (согласно со прифатените стандарди и постапки на водичот кои се применуваат од Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование); и врши други работи утврдени со Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018).

    Директорот на АКВО ја претставува и застапува Агенцијата за квалитет во високото образование; се грижи за спроведување на одлуките и решенијата на Одборот за акредитација на високото образование и Одборот за евалуација на високото образование; се грижи за материјално-финансиското работење на АКВО; се грижи за законитоста во работењето на АКВО; дава Решение за почеток со работа на студиски програми од прв и втор циклус на студии; и други работи определени со Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018) и со општ акт.

    АКВО е придружна членка во Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA).

Одбор за акредитација на високото образование
Татјана Стојановска Иванова (претседател)
Проф. Д-р
Садудин Ибраими (потпреседател)
Проф. Д-р
Одбор за евалуација на високото образование
Владо Гичев (претседател)
Проф. д-р
Јетмира Алимани Јакупи (потпреседател)
Проф. Д-р
Почетна
За нас
Новости
Корисни линкови
Документи
Контакт
Република Северна Македонија
Агенција за квалитет во високото образование
  • Регистар на ментори III - Циклус
  • Список на акредитирани
    високоoбразовни установи
  • Список за акредитација
    Студиски Програми
  • www.akvo.mk / contact@akvo.mk
    Улица: Кеј Димитар Влахов 4, II-Кат (Стара Комерцијална Банка),
    1000 Скопје,
    Република Северна Македонија,
    Тел: +389 (0) 2 322 0509
    ® Изработено 2016